-
МЕСТОПОЛОЖБА И ОКОЛИНАТА НА ХОТЕЛОТ
Хотелот Шатор се наоѓа во југозападниот дел од Р.Македонија, лоциран во просторот помеѓу градот Битола и Националниот Парк Пелистер на самиот почеток подпелистерското село Трново, на надморска височина од 850 метри, сместен во сопствена раскошна зелена градина од брези и елови дрва.
Хотелот е поврзан со сообраќајна врска на патот кој го поврзува градот Битола и Националниот Парк Пелистер на растојание од 6 километри од центарот на градот Битола и 5 километри од магистралниот пат м-5 помеѓу Битола и Охрид, додека растојанието до аеродромот во Охрид изнесува 70 километри а 180 километри до аеродромот во Скопје што секако од друга страна е незначителна оддалеченост за вљубениците во здравата еколошка средина, чистиот воздух, мирот и тишината далеку од урбаните средини.
-
УСЛУГИТЕ ШТО ГИ НУДИ ХОТЕЛОТ
Хотелот во моментот располага со 13 луксузно уредени хотелски соби (двокреветни соби со помошни хотелски кревети и супериор соби), складно разместени на првото ниво на хотелот со поглед на градот Битола од источната страна и со поглед на планината Пелистер на југозападната страна каде што во текот на целиот ден комплетниот хотелски капацитет е осветлен со пријатното планинско сонце во сите временски сезони.
Хотелот располага ексклузивна ресторантска сала, атрактивна летна тераса и со една ВИП сала со капацитет од 40 гости која е опремена со неопходна и современа техничка апаратура и бар во непосредна близина, ресторан со летна тераса со се вкупен капацитет до 260 ресторантски седишта (од кои ресторанот е со капацитет од 140 седишта, а терасата од 120 седишта).Во склоп на ресторанот функционира добро опремена професионална кујна која што секогаш е подготвена професионално да излезе во пресрет на сите барања и желби од страна на гостите, со можност да уживаат во врвните мајстории на гастрономите кои подготвуваат секакви видови специјалитети посебно од македонската национална кујна но и специјалитети на други кујни.