Хотелот Шатор претставува капацитет од трета категорија (3 ѕвезди) *** кој во целост е прилагоден и амбиентално е вклопен во надворешен и внатрешен изглед во околината што го опкружува.Несекојдневната архитектонска замисла во просторот на проектантот и дизајнерот на сите гости им овозможува со престојот во хотелот секој посетител да ја почувствува топлината и душата на објектот во сите делови.Самата местоположба на хотелот на североисточниот дел од планината Баба и Националниот Парк Пелистер, овозможува поглед на Пелагониската котлина, градот Битола и околината, кој секако дека нема да ве остави рамнодушни.
Она што секако го издвојува хотелот Шатор од останатите објекти во нашата земја и регионот се топлината, мирот и спокојството кои уште од првото доаѓање и првиот остварен контакт го пленат срцето и душата на секој гостин добронамерник.Ведрата насмевка и традиционалната гостопримливост на домаќините и на сите вработени во комбинација со недопрената природна убавина, со раскошот на бои и мириси и можноста за прошетки по многубројните пешачки патеки, видиковци, велосипедски тури, етно посети, еко екскурзии и алпинистички рути го исполнуваат чувството на секој посетител дека се наоѓа на вистинското место каде што може да доживее активен одмор во природа.